15 деца ми го тепаа детето, обезбедувањето не реагирало – вели таткото на претепаното дете во ГУЦ


Таткото на претепаното дете во средното градежно училиште  „Здравко Цветковски“, кое заврши во болница со сериозни повреди откако 15 деца го претепале во дворот на училиштето се јавил со реакција во весникот Нова Македонија.

zdravko cvetkovski– Обезбедувањето во училиштето потполно затаило, а надворешната камера не работела.   Како е можно никој да не следи она што се случува во училиштето. Како што бев информиран од учениците немало и дежурен професор  во ходниците за време на одморот. Моето дете и негово другарче беа вербално и физички нападнати од група од петнаесеттина ученици од другиот клас, а професорите, односно педагогот, се обидуваа да го прикријат настанот, изјавил таткото на еден од учениците, кои во средата беа нападнати за време на големиот одмор околу 10,45 часот

– Им се обратиле со зборовите: „Дајте цигара“, „Што не гледаш„ . Набрзо од спротивната страна дојдоа десеттина деца и почнаа да ги буткаат две деца. Тука се нашле некои професори кои синот го одвлекле во училишната библиотека. Тој бил вознемирен од нападот. Во бес со рака го скршил стаклото на прозорот, од што ја исекол раката. На лицето и носот имаше повреди од физичкиот напад на групата ученици, вели таткото за Нова Македонија.

Повеќе на – Нова Македонија 

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “15 деца ми го тепаа детето, обезбедувањето не реагирало – вели таткото на претепаното дете во ГУЦ”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.