16-години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски


Денес се навршуваат 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина на 26-ти февруари 2004 година во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, Босна и Херцеговина, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, на вечните почивалишта на Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, како и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегации на Кабинетот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, како и на споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица.

За причините за падот на владиниот „кингер“ со кој патуваше претседателот Трајковски беа изврешени две истраги и објавени два извештаи, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти. И во двата извештаи како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

Во авионска несреќа заедно со претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загина осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар во која беа: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1