Страшно злосторство на Upper West Side, еден од престижните квартови во Њујорк.
50-годишна дадилка, која со години работела за еден од директорите на CNBC, Кевин Крим и неговата сопруга Марина, со кујнски нож ги избодела нивните деца – шестгодишното девојче и двегодишното момче, кое подоцна во болница им подлегнале на повредите.
Нивните безживотни тела во крвава када ги пронашла мајката Марина, а на подот покрај кадата во критична состојба лежела дадилката Yoselyn Ortega, која се обидела да си го одземе животот и со тешки повреди на вратот и гркланот била префрлена во многу критична, но стабилна состојба.