5 причини да НЕ пиете флаширана вода


Водата од шише е здрава вода или само така сакаат рекламирачите да веруваме?! На пакувањето од водата секогаш стои слика од недопрена природа на некоја планина или од некој спортист, но во повеќето случаи флашираната вода од шише е само обична вода, во некои случаи  и газирана со додадено CO2 .Бизнисот со вода е тежи од 50 до 100 милјарди на светско ниво, а годишно се зголемува за 7%.

bottled-water-plastic

1. ФЛАШИРАНАТА ВОДА НЕМА ДОБРА ВРЕДНОСТ

Големите компании како на пример Кока Кола и Пепси користат вода од чешма, која што само ја филтрираат. Истото се прави и при производство на зашеќерените напитоци кои што ги произведуваат.

Доколку сакате филтрирана вода од чешма, купете си филтер за чешмата наместо шише вода!
2. ВОДАТА ОД ЧЕШМА ИМА ДОБАР КВАЛИТЕТ

Водата од чешма редовно се проверува дали е безбедна за пиење со што се извршува анализа на хемискиот состав и дали има присуство на бакерии во водата. Доколку водата е небезбедна, тие навремено ќе Ве известат.

3. ФЛАШИРАНАТА ВОДА ЗНАЧИ ЃУБРЕ

Пластичните шишиња од вода создаваат 1,5 милиони тони (1500000000 килограми) пластичен отпад секоја година. За да се произведе толку многу шишиња потребни се 17791435385 литри нафта годишно. Покрај тоа што пластичните шишиња треба да се рециклираат задолжително, застрашувачки е фактот што дури 80% од сите шишиња завршуваат како нерециклирано ѓубре.

Голем дел од ѓубрето завршува во океаните кое носено од струите бесконечно кружи. Благодарение на многу спорото распаѓање (мин 1000 години), секое пластично шише кое нкогаш е произведено, безразлика каде се наоѓа – се уште постои!

4. КУПУВАЈЌИ ФЛАШИРАНА ВОДА СЕ ЗАПОСТАВУВА ЈАВНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Доколку се користи водата од чешма и се плаќа за неа, ќе има доволно средства за да се подобри  јавната водоводна мрежа доколку властите се свесни и посветени кон нивната работа.

5. ПРИВАТИЗИРАЊЕ НА ВОДАТА

Водата се нарекува “Синото злато” на 21 век благодарение на зголемувањето на популацијата, промената на климата и загадувањето. Со овие проблеми свежата вода стана најпотребното нешто за опстанок на човештвото.

Коорпорациите едвај чекаат да дојдат до превземање на некој извор со свежа вода и потоа да можат да наплаќаат со тоа што легално ќе го користат и експлоатираат. Со секое купено шише вода Вие придонесувате за тоа.

Mojtrener.com

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “5 причини да НЕ пиете флаширана вода”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.