85 ученици и 300 наставници кои следат онлајн настава позитивни на Ковид


85 ученици и 300 наставници кои учествуваат во настава со физичко присуство се инфицирани со вирусот Ковид-19. Се поголем е бројот на професори кои онлајн предавањата ги одржуваат од дома откако директорите добија амин од МОН сами да го организираат начинот на одржување на наставата.

-Најважно во моментов е да се одвива двонасочната комуникација наставник – ученик. Дали ќе биде од дома или ќе биде од училиште, како се зголемуваат бројките така ќе биде и поверојатно да бидат во домашни услови. Но, сепак, имаме наставници кои немаат услови дома, па затоа им се дава можноста да доаѓаат на работните места. Така ќе се намали и бројот на наставници присутни во објектите и ќе имаме побезбедна средина, вели министерката Царовска.

Последниот рок за оценување на учениците за првото тримесечје е утре. Иако поради изолацијата на голем број наставници дел од учениците немаат добиено оценки по сите предмети, Царовска уверува дека има начини како тоа да се направи.

-Упатството и правилникот за оценување кој што е донесен Бирото за развој на образованието е прилагоден и за онлајн наставата и затоа е даден посебен дел кој што вели: „Доколку наставникот и ученикот не можат да дојдат до оценка, може да имаат и индивидуална средба на која ќе продискутираат за знаењата кој ученикот треба да ги стекне и кое е нивото кое што го стекнал“, појаснува Царовска.

За тоа дали прогласувањето на кризната состојба ќе значи и ставање клуч на училиштата и предавањата да се одвиваат само онлјан од дома, министерката Царовска вели дека образовниот систем законски не е врзан со кризната состојба.

За евентуално предвремено почнување на зимскиот распуст, како што бараше опозицијата, од МОН велат дека за такво нешто не се размислува бидејќи почетокот и крајот на првото и второто полугодие е дефинирано во календарот за организација на работата на училиштата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1