Мицотакис: Дадовме македонски јазик и идентитет без да добиеме нешто за возврат


Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ние го дадовме тоа и го дадовме без во суштина да добиеме нешто за возврат и ова е длабоко загрижувачко, бидејќи се поврзува со скопскиот идредентизам, вели претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, а овој став го поткрепува со, како што вели, „одново објавениот“ доверлив документ од Викиликс.

Мицотакис, уште еднаш го повторува и неговиот став дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа.

– Сакам да ги прашам нашите сограѓани, не само во Македонија, како се чувствуваат кога ги слушаат господинот Заев и господинот Димитров да велат „Јас сум Македонец и говорам македонски јазик“ и никој да не одговара. Ние, нема да го ратификуваме договорот ниту сега, ниту во следниот парламент, доколку не се ратификува во сегашниот парламент, вели лидерот на Нова демократија.

– Ќе ги искористиме сите карти што ни се на располагање за да ги смениме аспектите на договорот што се проблематични. Ова значи дека ако договорот се ратификува тогаш просторот за маневри е ограничен. Подготвен сум да им објаснам на граѓаните: Ако договорот од било која причина не се ратификува, тогаш не постои договор. Работите се многу едноставни, вели Мицотакис.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1