10 работни места отпорни на економската криза


Со тоа што економска криза трае повеќе отколку што многумина можеа да претпостават, а работници се бркаат на секој чекор, еве дел од работните места на кои економската криза нема влијание. Ако сте без работа, а имате енергија и малку пари за преквалификација, одлучете се за овие професии.

rabotnikМајстор за поправки во домаќинствата

Ако ве бива со алат и имате дарба за поправка на расипани уреди, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Најдобро е што за оваа работа се плаќање на рака, а тоа кај нас за сега функционира добро. Ако сакате да се бидете поелитен мајстор, за вас е добра реставрација на антиквитети и уметнички дела.

Терапевт

Под поимот терапевт влегуваат голем број на работи. Терапевтот може да биде психолог кој ги советува луѓето, но не задолжително. Сепак, има енергетски терапевт, терапевт кој работи со арома терапија, јога, па се до терапија со бои и звуци. Потребно е да инвестирате во себе за да го завршите курсот и да добиете сертификат, но тоа е повратна инвестиција бидејќи ќе заработите повеќе отколку да одите секојдневно на работа.

frelencer„Фриленсер“

Секој кој работи преку хонорарни, авторски договори за клиенти, без постојано вработување влегува во категоријата на хонорарни работници односно „фриленсери“. Графички и веб дизајнери, новинари, агенти на односи со јавноста, преведувачи – се само некои од професиите “фриленсери”, кои се секогаш барани. Важен совет – фокусирајте се исклучиво на странски клиенти!

Брза храна

Рестораните за брза храна се дефинитивно имуни на рецесија и тоа е така насекаде низ светот, а единствената разлика е во тоа што ќе јадете. Дали сендвич, ќебапи, помфрит, пица, кинеска храна – тоа навистина не е важно, бидејќи луѓето се уште сакаат да јадат нешто мрсно и во големи количини. Дури да отворите локалче со излог за брза здрава храна со добар маркетинг може да направите сериозен профит.

tetovazi

Се разбира, отворањето на киоск бара почетен капитал и ризик, но доколку не сте финансиски моќни, може само да работите.

Тату артист

Луѓето сакаат да се почестат самите себеси дури и во време на економска криза, тетоважа е честа форма на самонаградување. Тату уметниците наплаќаат по час и сами си го организираат работното време. Истражете како да се станете „чирак“ на некој тату мајстор, но бидете подготвени за волонтирање и часови поминати во вежбање.

pomos stara zena bolnicarkaПомошници на болни и немоќни лица

Медицинска сестра, физиотерапевт, негувател на стари и изнемоштени, приватно или во старечки дом, терапевтска институција или бања, ако можете да ги извршувате овие работи, таа може да ви донесе нови клиенти и надвор од секојдневната работа. Потребно е да бидете едуцирани во оваа област, но ако не сте, за среќа постојат курсеви и вонредни училишта.

Сервис за потрошувачи

Точно е дека ова е една од најлошите работни места, но секогаш го има во огласите. Треба да знаете англиски јазик, а голема предност е уште некој странски јазик. Работата е здодевна, тешка и бара нерви од челик, бидејќи корисниците се јавуваат кога нешто не е во ред. Со оглед на состојбата на економијата – бизнисот е бизнис, па затоа е подобро да го прескокнете жалењето.

osiguruvanjeАгент за осигурување

Не е забавна работа, но не се бара високо образование, а може да донесе висока заработувачка кај оние кои се трпеливи и флегматични. Ќе почнете од најнискиот ранг на агент, а унапредувањето оди постепено во зависност од бројот на договорите. Главниот проблем е што никој не плаќа за осигурување, ако нема пари за егзистенција.

Експерт за информатичка технологија (IT)

Под „IT“ експерт мислиме на повеќе информатички работни места и задачи кои може да се направат од страна на овие професионалци. Меѓу нив се програмерите, веб дизајнерите, бета тестери, програмери на веб апликации, мрежни администратори. Освен на факултет може да се едуцирате и на некој онлајн курс. Ако добро се покажете може солидно да заработувате не само од фирмата, туку и од дома.

finansiski sovetnikФинансиски советник

Без разлика дали сте сметководител, економист, или сте само добри со бројки, финансиското советување нуди квалитетно вработување.

Да се биде сметководител е малку поедноставна опција, бидејќи тогаш сте фокусирани на пресметките, додека ако сакате да бидете бизнис консултант ќе треба да имате поголема комуникација, преговарање и капацитет за убедување.

Потребна е посветеност кон работата, следење на економските движења, финансиски случувања и берзи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1