Косово со нов закон: Во наредните 10 години забранети сите игри на среќа


Косовската Влада на синоќешната седница ги усвои измените и дополненијата на законот за игри на среќа, со кои е предложена забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните десет години, изјавил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Овој чекор на Владата следи по двете убиства, што се случија во две коцкарници минатата недела.

Харадинај рекол дека неговиот кабинет само го прифатил барањето на парламентот за зарана на коцкањето и затворање на коцкарниците.

„Ние го спроведуваме барањето на Собранието. Барањето беше Владата да забрани коцкање на период од десет години и сите игри на среќа се забранети“ рекол Харадинај.

Тој потсетил дека Собранието го упатило барањето до Владата на предлог на највлијателниот Демократски сојуз на Косово

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1