Русите остро му одговорија на Вашингтон: Покажете ни со личен пример како се напушта Венецуела


„Логичен одговор на повикот на Вашингтон Русија да напушти некоја земја е предлогот да покажат добар пример како тоа се прави. Списокот на земји надвор од западната хемисфера, каде Америка навистина нема што да прави, зазема многу место“, рекол шефот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Константин Косачов, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Русија мора да си замине од Венецуела“.

Тој смета дека САД треба да го демонстрираат истото со личен пример.

Косачов изјавил дека Трамп се обидува дрска да се вмеша меѓу односите на двете суверени земји.

„Тој се обидува да ѝ диктира на Русија што може и што не може да прави во партнерска земја. Ќе потсетам дека тоа е земја која е призната членка на меѓународната заедница и членка на Обединетите нации, земја која не е под никакви санкции од точка гледиште на воено-техничка соработка“, рекол Косачов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1