Прогласена епидемија на морбили во Македонија


Епидемија на морбили е прогласена на цела територија на Македонија.

Ваков заклучок е донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници.

Мерките што досега важеа за градовите каде што имаше прогласено епидемија сега ќе важат во целата земја.

Тоа значи дека ниедно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка, а предложено е минималната возраст за вакцинирање да се намали од 12 на 6 месеци.

Мерките опфаќаат и задолжително вакцинирање со две дози на сите здраствени работници во земјава. За епидемијата на морбили во Македонија е извесетена и Светската Здравствена Организација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1