Тамара Тодевска влезе во финалето на Евровизија


Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на песна Евровизија, којшто ќе се одржи во саботана 18-ти мај , во Тел Авив, Израел.

Тамара настапи со песната „Горда“ (Proud). Aвтори на песната на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Од втората вечер во финалето се пласираа уште и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Во финалето, в сабота, ќе настапат 26 земји

Последен македонски претставник во финалето на Евровизија е Калиопи. Таа во 2012 година пееше во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“.

Нашата земја за прв пат настапи на Евровизија во 1998 година. Најдобар пласман со 12-то место имаше во 2006 година, со песната ,,Нинанајна” на Елена Ристеска. Во 2012 година Калиопи со песната ,,Црно и бело’ се пласираше во финалето, и освои 12-то место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1