Страшна сообраќајка – Камион удри во остатоци од стара патарина – немало никаква сигнализација!


Камион со приколка удри во старата патарина во близината на Градско, при што причинета е материјална штета. Возачот веднаш е пренесен во болницата во Велес – има полесни повреди.

За неполн месец на истото место на старата наплатна рампа се случија неколку сообраќајни незгоди. Новата наплатна рампа е преместена на километар пред старата кога се оди од Скопје кон Гевгелија, а старата и натаму чека на нејзино целосно отстранување од патот.

Корисници на фејсбук ја објавија веста и на групата ѕид на сообраќајниот срам

АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ!!!
Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци.

Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.

Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање“ стои во објавата на страната „ѕид на сообраќајниот срам“.

Под фотографија има огромен број коментари во кој се потврдува дека НА ПАТОТ НЕМАЛО НИКАКВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, СИГНАЛИЗАЦИЈА, и дека многу возачи деновиве едвај избегнале сообраќајка поради истите столбови од старата патарина. А објавено е и видео на кое се гледа дека надлежните дури откако чуле за сообраќајката, доцна во ноќта поставуваа синализација.

Ова не е прв пат остатоци од стара патарина да стојат несанирани. Остатоците од патарината кај Куманово стоеа како чиереви повеќе од една година – и исто така без никаква сигнализација.

Еве дел од коментарите на фејсбук

  • Каде живееме? Кога во оваа држава ќе се почне со сериозна одговорност за несовесно работење во било која сфера? Да оставиш на автопат толку габаритни бетонски остатоци без притоа да има било каква предупредувачка сигнализација за намалување на брзината?!?
  • Завчера лично ќе се забодев, среќа сопатникот ме предупреди навремено.
  • За време потребно кај нас да ги тргнат старите патарини (речиси 2 години), во нормални држави се гради цел автопат…
  • За ова се оди во затвор …уште работат неспособни кадри насекаде..
  • и да се двиЖИШ со правилна брзина можеш да настрадаш поради други причини. БЕТОНСКИ ОСТАТОЦИ НЕ СМЕЕ ДА ИМА. А одговорност се знае кој треба да снoсе. Тој што е одговорен за автопатот.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1