Ако сте добиле данок од 1 денар бидете раат – УЈП нема да казнува за долг од еден денар


Илјадници граѓани деновиве почнаа да ги добиваат даночните решенија од Управата за јавни приходи, која ги известува дека должат денар, два за персонален данок на доход. И вообичаено како и изминатите години, повторно паника и реакции.

UJPГраѓаните што добиле вакви решенија велат дека нема смисла да се малтретираат за еден денар долг и оти повеќе ќе ги чинат банкарските провизии за уплатата. Од Управата за јавни приходи открија дека вакви решенија испратиле до 26 илјади граѓани што добиле известување за даночна обврска од еден денар. Од таму ги повикуваат овие граѓани да дојдат во УЈП за да се среди нивната даночна состојба. Граѓаните пак паника ги фаќа и од самата помисла дека им должат макар и денар на даночниците, пишува Дневник.

Од УЈП се децидни дека граѓаните само треба да се појават на нивните шалтери за да расчистат со долгот. Не казнуваме никогаш за еден денар – изјави Горан Трајковски, директор на УЈП, на неодамнешната прес-конференција кога се сумираа билансите за тоа која била највисока исплатена плата во 2012 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Ако сте добиле данок од 1 денар бидете раат – УЈП нема да казнува за долг од еден денар”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.