За многумина вистинска провокација претставуваат содржините „Делови на историјата“ објавени на официјалната интернет-страница на новиот мобилен оператор „Албафон“, пишува порталот МКД.МК.
Првата реакција на македонските историчари е дека се работи за содржини без никаква научна тежина, содржини што немаат никаква врска со реалноста, без релевантни факти и научна основа.
На интернет-страницата на Албафон на пример за скопското Кале пишува дека било „илирско-дарданска метропола“.
За Златната маска од Требениште пишува дека „Маската на Илирите е пронајдена во селото Дан Дика,Требеништа, Охридско“.
За Албафон тетовската Менада стана „Илирската играорка што е најстарото археолошко и уметничко откритие пронајдено во тетовскиот регион“.
One Response to “Албафон ја „илиризира“ македонската историја – кале, златната маска, Менада – сите биле Илирски?!?”