Алцхајмерова болест всушност не постои?!


Германсакта авторка Корнелиа , тврди дека „Алцхајмер“ одсекогаш била погрешна дијагноза, затоа што всушност истата не ни постои. Станува збор за последица од депресија, конзумација на голем број на лекови и погрешни терапии.


Бројките во најновиот извештај за болеста Алцхајмер, кои ги претставила здружениет „Alzheimer Disease International“ (ADI) се шокирачки:
24 милиони луѓе ширум светот патат од деменција. Од нив, две третини, како што е наведено во извештајот, се со дијагноза Алцхајмер, а само во Германија ги има над милион и триста илјади.

Корнелиа која е дипломиран биолог и новинар, тврди дека ова е преголема грешка, затоа што Алцхајмер всушност не постои. Таа на крајот од минатиот месец ја објавила книгата „Заборави Алцхајмер“ во која ја објаснила својата теорија.
Симптомите кои доведуваат до тоа, да докторите почнат во картоните на пациентите да им забележуваат дијагноза за „Алцхајмер“, често се нуспојави на лекови кои што тие ги земаат, депресија или некакво друго функционално пореметување.

Кормелиа ова го поткрепува со наводот дека постојат 130 лекови за кои се знае дека можат да предизвикаат деменција. Притоа голем број на доктори на своите пациенти им припишуваат погрешна доза при препишувањето на лековите.

Таа верува дека голем број на стари луѓе земаат погрешни лекови. Корнелиа укажува дека постариот организам побавно ги разградува внесените лекови, па пациентите во поодминати години, треба да земаат четвртина од дозите кои ги зема на пример 20 годишен пациент. Меѓутоа лекарите во поголем број на случаи им препишуваат „нормална“ доза. Освен тоа старите луѓе земаат разновидни лекарства, а никој, тврди билологот, не знае што точно ваквите хемиски супстанци му прават на организам и какви се последиците доколку истите се земаат во комбинација со други лекови.

Нуспојавите се потценуваат

Меѓу 130 лекови за кој се знае дека како нуспојава, можат да предизвикаат деменција, голем дел од нив се користат како средства против болки, психофармацевски производи, но и средства против епилепсија, некакви антибиотици, односно лековите за срце кои што можат да предизвикаат дезорентираност.


Валтер Џенс професор по реторика, ја обелодени неговата приказна позната ширум јавноста, за објавената книја на неговиот син чија тема е губењето на памтењето и заболувањето на неговиот татко. Стоуз во книгата има напишано дека неговиот татко Валтер, со години бил зависен од таблетите и дека почетокот на неговата болест, се поклопува со моментот кога Волтер бил воден како член на Хитлеровата партија NSDAP. Кратко потоа, неговиот син напишал, дека Валтер, почнал да зема поголема доза на психофармак и почнал да се „губи“.

Човек би се запрашал: Алцхајмеровата или „обична“ деменција – сеедно е под кое име на болеста, пациентите страдаат, суштината е дека тие страдаат. Кај постарите луѓе, докторите вложуваат многу малку труд да ја утврдат болеста, кај оние со алцхмајер пак, уште помалку. Напротив, лекарите, треба да вложат дополнителни напори за да утврдат кој други симптоми кои ги мачат пациентите, можат да доведат до болеста, која денеска е утврдена како Алцхмајер.

Една од таквите можности, како што наведува 45 годишниот биолог, е зголемувањето на притисокот на мозокот, поради вишокот на мозочната течност. Тој често има ефект на заборавеност, инконтиненција и несигурно движење. Сите овие симптоми можат да се најдат на списокот на симптоми на Алцхајмеровата болет. Меѓутоа додека зголемениот крвен притисок може да се излечи со вишокот на течности во мозокот, Алцхајмеровата болест се смета за неизлечива.

Корнелиа укажува на тоа дека болеста, што експертите не можат да ја дефинираат по логичноста на работите, не можат ниту пак смеат, да даваат дијагнози за истата.  Како тоа може да биде болест која не е последица на јасно дефиниран ген.

Она што дефинитивно се пренесува од родителите на децата е начинот на живот, навиката на јадењето, пиењето, пушењето или недоволното вежбање. Често со навиките се наследуваат и здраствените проблеми. Стравот од Алцхајмеровата болест како наследна се смета за доста опасен. Самата таа разговарала со една жена која страдала од деменција, за која што и пренела дека ја наследила од нејзиниот татко, а всушност станувало збор само за зголемен притисок во мозокот. Поради нејзината фобија од Алцхајмеровата болест, таа не барала соодветни начини на лекување кои уште од многу порано би можеле да и го решат проблемот.

Скапи и бескорисни лекови

Еден славен пример е за ваквиот сомнеж е и Гинтер Сакс, кој поради верувањето дека бил заболен од Алцхајмеровата болест, извршил самоубиство во мај годинава. Тоа е трагично, вели Карнелија, која што додава дека Сакс не пател од деменција, туку бил само депресивен.

Неговиот случај не е исклучок, според биологот, туку резултат на заблудата која му се пропагира на целото друштво како еден вид на хистерија и паника.

Како резултат на тоа се трошат големи суми на скапи и бескорисни лекови од кои прифитираат само едни, а тоа се фармацевските компании.

Болеста како што сакаат да ја претстават во последните десетина години предизвика да се зголеми продажбата на лекови за десетина пати повеќе.

Според зборовите на произведувачите на истите тие лекови, тие треба да ги ублажат симптомите на Алцхајмеровата болест, затоа што напредокот на болеста, како што признаваат сите, не може да се спречи.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

One Response to “Алцхајмерова болест всушност не постои?!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.