Амбасадата на САД бара објаснување на изјавата на Јавното обвинителство


Амбасадата на САД во Скопје ги повикува властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата на Јавното обвинителство од 3 февруари, поконкретно определувајќи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности.USA-flag
Амбасадата на САД со загриженост ја проследила изјавата од 3 февруари на Канцеларијата на Јавното обвинителство дека „објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“.
„Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога“, пишува во соопштението на Американската амбасада.
MK News

Автор инфо

One Response to “Амбасадата на САД бара објаснување на изјавата на Јавното обвинителство”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.