Америка го крати воениот буџет – армијата на САД ќе се претвори во социјална агенција


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл вчера во Националниот универзитет за одбрана ги претстави своите очекувања и најави за американската одбрана, при што предупреди дека САД се соочуваат со намалување на ресурсите, не се во состојба да вршат воени интервенции кои не се нужни, и ќе мора се повеќе да се потпираат на своите сојузници, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

U.S. Defense Secretary Leon Panetta speaks to the troops during a visit to Kandahar Airfield in Kandahar– Армијата на САД останува клучна алатка во американскиот арсенал, но таа ќе мора да се користи умерено, со јасно разбирање на границите на нејзината моќ, изјави Хејгл, ветеран од Виетнам и поранешен републикански сенатор кој се спротистави на војната во Ирак, чија главна задача по именувањето од страна на претседателот Барак Обама се очекува да биде спроведувањето на кратења во американската одбрана.

Хејгл вчера оцени дека процесот на кратење на армискиот буџет, кој значително беше зголемен по терористичктие напади на 11 септември, е започнат уште во мандатот на секретарот Роберт Гејтс и досега се извршени кратења од скоро половина трилион долари преку 10 години.

– Сепак, комбинацијата на фискални притисоци и закочениот политички процес водат до подлабоки и по-ненадејни кратења од очекуваното.

Секретаријатот за одбрана се бори со сериозниот и итен предизвик на буџетските кратења, или секвестерот, кои, доколку продолжат, ќе ги намалат расходите за одбрана за уште 500 милијарди долари во следните 10 години, изјави секретарот за одбрана, кој ги наведе расходите за одржување на постоечките одбранбени инсталации, социјалните права на припадниците на вооружените сили како главна причина за кусокот во буџетот на одбраната.

USA-flagСпоред Хејгл, доколку армијата не се реформира, ‘може да се претвори од агенција за заштита на државата во агенција за водење социјални програми која купува само ограничен број на прескапи и застарени воени системи’.

Хејгл оцени дека светот останува опасно место, наведувајќи ги заканите од најновата нуклеарна сила Северна Кореја, кон која САД почнаа да распоредуваат противракетни системи за да одговорат на евентуален напад. Хејгл оцени дека секое американско повлекување од постоечките одбранбени обврски ќе создаде празен простор кој ќе биде пополнет од други држави, и повика на реално оценување на можностите на американските сојузници да придонесат кон безбедноста во светот.
– Европа се уште размислува за состојбата на длабок мир која настапи по крајот на Студената војна, во едно очекување дека сме стигнале до крајот на историјата, дека одбранбените буџети може и понатаму да се кратат, едно многу бенигно размислување дека Западот лесно ќе продолжи да ја шири либералната демократија низ светот.Јана Матлари, политички научник од Норвешка која вчера во Вашингтон промовираше студија за подготвеноста на европските сојузници во НАТО да преземат поголем дел од одбранбените обврски, оцени дека во Алијансата недостасува политичка волја и стратегиско размислување, и европските држави се уште очекуваат дека за своите одбранбени потреби ќе може да се потпираат на САД.

amerika-vojska1Оваа ситуација се менува во многу потрадиционална мултиполарност, и во состојба на нестабилност која доаѓа со тоа.

Оваа култура на мир направи многу европски држави сега да бидат крајно ненавикнати на стратегиско размислување и на користење на воената моќ како средство за притисок. Притоа, реалноста ја побива европската теорија на замена на воената моќ со мека моќ, оцени Матлари.

Според неа, потребно е Германија, како се подоминантна европска држава, да почне да гради своја надворешна и одбранбена политика и да им се приклучи на Франција и на Британија, како засега најактивните европски држави во преземањето обврски за интервенирање во соседството. Како црвени линии кои ја натерале Европа да реагира во своето бурно соседство, Матлари оцени дека тоа треба да биде вршењето геноцид, иако во случајот на Сирија ова правило не се почитува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1