Ангеловска: Транспарентност и домаќинското работење со парите на граѓаните


Нина Ангеловска, една од основачите на „Групер.мк“, која е предложена за нов министер за финансии, синоќа по објавувањето на одлуката, се огласи на својот Фејсбук профил.

Ангеловска пишува дека е подготвена да се вложи во прогресивни фискални политики и да го даде својот максимум во унапредувањето на фискалната транспаретност и домаќинско раководење со парите на граѓаните.

По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска. Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина, истакнува Ангеловска.

Таа нагласува дека е подготвена целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложи во вршењето на оваа, како што вели, исклучително одговорна фукнција.

Ангеловска е еден од основачите на Групер.мк, добитник на наградата Форбс 30 и доктор на науки на УКИМ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1