АПЕЛ: Приведете ги СИТЕ кои го правеа ова при акцијата на полицијата во Куманово!!


При волку тешка и комплицирана акција при која вооружени терористи утврдени во куќи пукаат врз полииција постојат одредени правила на ОДНЕСУВАЊЕ кои се однесуваат на сите лојални граѓани и медиуми.

– Постојат утврдени правила како делува полицијата – не смее да се доведува во прашање било кој аспект од акцијата ДОДЕКА СЕ УШТЕ ТРАЕ!!!! евентуални пропусти се истражуваат и за нив се пишува откако опасноста ќе мине

– ПРИВЕДУВАЊЕ НА СИТЕ ЗАТЕКНАТИ НА МЕСТОТО е стандардна процедура. Полицијата од каде да знае дека меѓу оние кои се пријавуваат како цивили не се крие некој од групата терористи или не извади пиштол откако ќе замине, или да оди да повика помош или само да извиди колку полиција има па да дојдави до пајташите?? Кој е цивил нема од што да се плаши !!!!

– Не се објавуваат НИКОГАШ посебно не при акција фотографии каде се гледаат лица на полицијата – ова особено важи за медиумите и порталите !!!! ГО ИЗДАВАТЕ НИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ГИ ДОВЕДУВАТЕ ВО ДИРЕКТНА ОПАСНОСТ ПО НИВНИОТ ЖИВОТ

– Не се објавуваат фотографии во реално време кои можат да ја одадат позицијата на полицијата. Фотографиите треба да се или неутрални да не се препознава местото или да се објавуваат со часови и часови задоцнување!

Screenshot_208

– Објавувањето на потикнувачки изјави или повици кои ја разгоруваат страста и додаваат масло на огнот – посебно ако се непотврдени информации НЕ СЕ ОБЈАВУВААТ

Секаде во светот да се попречува ваква акција на било кој начин е КАЗНИВО. исто така потикнувањето, разгорувањето на страстите… 

Во една соседна земја при природна непогода (значи не напад на полиција туку природна непогода/поплава) беа повикани на разговор сите кои на фејсбук и останатите социјални мрежи ширеа паника или дезинформации. Кај нас се случува УЖАС.

Одредени фејсбук налози кои наликува дека се во сопственост на албанци ликуваа и навиваа за терористите. На други пак македонски профили се исмејуваше полицијата, се плукаше по полицијата, се повикуваше на конечен ,,обрачун,, со сите албанци. И помина се и никому ништо тие профили се уште си постојат.

За волја на вистината MKnews ја симнува капата на читателите кои коментирале на нашата фејсбук страница. Воздржани, умерени, со точни поенти (со исклучоци нели како и секогаш) . Дури и на оние малкумина кои имаа објавено дрски коментари другите читатели им враќаа умно и достоинствено

Излевортирани од се што се случува – од пишувањата и на одредени наши колеги упатуваме АПЕЛ ДО МВР И ИНСТИТУЦИИТЕ

1. да се повикаат сите кои навивале против македонската полиција на социјалните мрежи или портали

2. оние кои објавувале позиции на македонската полиција и уште и во описот наведувале каде е фотографирана сликата

3. Сите медиуми и портали кои објавуваа слики од лица на македонски специјалци да се повикаат на ПОДУЧУВАЊЕ за известување од сериозни акции!!!

4. сите кои во вакви ситуации ја напаѓаат полицијата на било кој начин

Ако сакаме да сме сериозна држава мора да почнеме да повикуваме на одговорност од СИТЕ . Точно е дека некој во жарот на случувањата може ненамерно да погреши – но институцвиите мора да му укажат на тоа за следниот пат да биде повнимателен..

Обидете се да ве видам во Америка да нападнете полицаец да видите што ќе ви се случи.

Да беше оваа акција во било која земја од западот целата населба ќе ја срамнеа со земја а не само 4 куќи, а евентуални цивилни жртви би ги нарекле КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА.

Нашите полицајци делувале исклучително внимателно да не повредат цивили и да не оштетат куќи во кои не се терористите. Секоја чест за нив, да не си им во кожа. ПРОЧИТАЈТЕ КАКО ДЕЛУВАЛА НАШАТА ПОЛИЦИЈА

СЕКОЈА ЧЕСТ: Полицијата пукала само во куќи од кои се пукало – зоната точно се гледа

 

 

 

 

MK News

Автор инфо

One Response to “АПЕЛ: Приведете ги СИТЕ кои го правеа ова при акцијата на полицијата во Куманово!!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.