АПЕЛ за помош на семејство Арсоски од Кичево, чија куќа изгоре во голем пожар


Драги хумани луѓе од Кичево и ширум нашата држава. Откако во вторникот ноќта беше опожарена куќата на семејството Арсоски од Кичево, без покрив над глава останаа три членото семејство и нивните родители. Од пожарот бил зафатен целиот горен спрат на куќата со изгорена цела покуќнина во него и настаната е за среќа само материјална штета.

Апелираме до сите хумани граѓани, фирми, институции, oпштина Кичево, да застанеме рамо до рамо и заеднички да се сплотиме во рамките на можноста да помогнеме со финансиска поддршка за возобновување на нивниот дом за катастрофалната загуба која го снајде ова семејство.

Во прилог ви ја доставуваме трансакциската сметка која е веќе активна за донации:

ИМЕ ПРЕЗИМЕ: Цанко Александар Арсоски
Ул. на лице: Арсо Војвода бр.41 – Кичево (доколку е потребна)
Т-ска сметка: 210-5017359081.69
Банка: НЛБ Банка АД Скопје
Цел на дознака: УПЛ
Повикување на бр: 2404983433015

Да бидеме хумани и да помогнеме на семејството Арсоски повторно непречено да живее во својата семејна куќа, надминувајќи ја трагедијата која го потресе градот и околината. Споделете.

https://porta.mk/apel-za-pomosh-na-semejstvo-arsoski-od-kichevo-chija-kukja-izgore-vo-pozhar-pred-nekolku-dena/

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1