Атина се дави – поплавите однесоа една жртва (Видео)


Обилните врнежи кои на Атина и донесоа бура пропратена со грмотевици, ги поплавиле улиците и куќите и предизвикале колапс во сообраќајот во неколку делови од градот.

atina poplaviФоторепортерот на „Ројтерс“ го забележал моментот во кој од заробен автомобил била спасена жена од стихијата која и претела да ја проголта. Во моментот кога жената се обидела да се ослободи и да излезе од автомобилот, надојдената вода за малку ќе ја повлекла со себе. 

Дождот врнел без прекин неколку часа, а властите биле принудени да ги затворат главните патишта и централните станици на метроата, како и подвозниците во пониските делови од градот кои биле целосно поплавени.

Една жена загина. Како што соопшти полицијата, жената најверојатно починала од срцев удар откако останала заглавена во нејзиниот автомобил кој бил блокиран од надојдената вода.

Слично беше синоќа, и во Катанија, на Сицилија. Улиците се претворија во реки, носејќи се пред себе: паркирани автомобили, мотоцикли, маси и столици од кафулињата. Авионските летови беа пренасочувани кон Палермо. Според извештаите, наврнале 50 литри дожд на квадратен метар, за само половина час. Повредено е едно лице, а се трага по друго, кое се води како исчезнато.

MK News

Автор инфо

One Response to “Атина се дави – поплавите однесоа една жртва (Видео)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.