Бајден разочаран од пресудата за Трамп


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ослободувањето од вина на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за поттикнување насилство минатиот месец во Вашингтон е потсетник дека демократијата е „ранлива“ и дека „секој Американец е должен да ја брани вистината“.

„Ова тажно поглавје во нашата историја нè потсетува дека демократијата е ранлива“, наведува Бајден во соопштението објавено неколку часа откако во Сенатот не беше остварено двотретинско мнозинство, потребно за Трамп да биде прогласен за виновен.

Бајден напоменал дека 57 сенатори и 7 претставници на Републиканската партија гласале дека Трамп е виновен и ги дале своите гласови за отповик на поранешниот претседател.

Според неговите зборови, дури и оние кои се изјасниле дека Доналд Трамп не е виновен, знаат дека суштината на обвинението не е променета, а тоа е дека поранешниот претседател е виновен за „срамотно занемарување на должноста“ и „сноси морална одговорност за предизвикување насилство“.

Американскиот претседател ја пофалил храброста на оние кои се обиделе да го заштитат интегритетот на демократијата, вклучувајќи ги демократите и републиканците, службениците на изборните тела, избраните претставници и работниците на изборите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1