Багатела: Земјиште кај „Веро“ купено за 71 денар квадрат


Друштвото за трговија, промет и услуги „Амадеус стоун ДООЕЛ“ од Скопје е нов сопственик на атрактивно земјиште во близина на „Веро центар“.

vero-centar-240Парцелата од 2.855 квадратни метри ја купи на електронска лицитација за вкупно 3.296 евра, односно по цена од 71 денар за квадрат. На јавниот оглас за продажба што го распиша Министерството за транспорт и врски немало други понудувачи.

На локацијата е предвидена изградба на хотел во барок стил. Според ДУП, објектот ќе има седум ката, приземје, потпокрив и подземен паркинг. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата во согласност со постигнатата крајна цена од наддавањето. Доколку не ги уплати парите во утврдениот рок, ќе се смета дека земјиштето не е отуѓено.

MK News

Автор инфо

One Response to “Багатела: Земјиште кај „Веро“ купено за 71 денар квадрат”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.