Балканец добил отказ во Австрија па му се одмаздил на шефот


Неименуваниот Хрват кој живее во Австрија му се одмаздил на шефот кој му дал отказ, а неговата одмазда откриена е дури по година и пол.

Мажот работел во една фабрика до мај минатата година, а откако добил отказ, ја зел картичката со која компанијата плаќала гориво и со неа платил гориво кое на две бензински станици го наточил во својот приватен автомобил, пишува „Феникс“. Гориво си наточил повеќе пати.

Работодавачот сфатил што направил поранешниот работник дури по година и пол, а тогаш го пријавил во полиција.

Како што пишуваат медиумите, при точењето на горивото било евидентирано дека компанијата го сипала горивото, но не покажувало и во кое возило било точено гориво.

Поради тоа „итриот“ Хрват не бил уловен порано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1