Срѓан Станковиќ (35) од Пожаревац, по победата во 78. циклус на ТВ квизот „Слагалица“ се дознало дека студирал на Белрадската бизнис школа, на отсекот за финансии, сметководство и банкарство, а дипломирал на банкарско осигурување.
Овие податоци не би биле чудни доколку Срѓан беше вработен во некоја банка или компанија. Меѓутоа, наместо во струката за која се школувал, тој работи како продавач на риба на зелен пазар во центарот на градот. Срѓан не само што е најобразован продавач, туку има и највисок коефициент на интелегенција. Тој е и член на МЕНСА
– Минатиот октомври учествував на тестирање на Менса во Пожаревац, и на почетокот на годината го добив резултатот, според кој коефициентот на интелегенција ми е 156, вели Срѓан.
– Праќав пријави на бројни адреси, но без успех. Конкурирав и за работни места за кои се бара само средно училиште, но без резултат, вели Срѓан, кој работи уште од студентските денови.
One Response to “Балканска реалност: Член на МЕНСА, IQ 156, завршен факултет – а продава риби на пазар (Фото)”