Бескрајна тага: 14 год дете загина, го удрил автомобил – таткото не сакал да се одвои од синот (Вознемирувачко Фото)


14 годишното момче одело да го фрли ѓубрето во контејнерот спроти улицата, вчера околу 21 часот во населбата Звездара во Белград. На него со голема брзина налетал автомобил. Починало на самото место.

Фотографиите ги модификувавме поради експлицитноста на оргиналните фотографии !!! Ги објавуваме заедно со информацијата со надеж дека ако бар некој што прочита вози утре повнимателно, вакви несреќи и загубени детски животи ќе има се помалку 🙁

Преогајќи ја улицата меѓу 2 лежечки полицајци на него налетала црвена фиат панда со која управувал 56 годишен жител на Звездара. Дирекно удрил во момчето.

Се слушна силен тресок и кршење на стакло, велат очевидците кои седеле во кафуле отспротива. Мислеле дека е судат и станале да видат.

Трагично, стравично и тажно – вака ја опишуваат сликата. Виделе дека младото момче лежи неподвижно на улицата. До него возачот на автомобилот кој откако видел што се случило и дека момчето е неподвижно, клекнал крај него држејќи се за главата и силно викал. Зошто зошто!

 

Несреќното момче од ударот летнало 20 сетина метри, а неговите патики летнале неколку метри од телото. По многу кусо време на местото пристигнал и таткото на момчето, кому соседите му јавиле за стравичната несреќа.

Клекнал до синот, го гушнал неговото неподвижно тело и викал од болка. Ниту полицајците не можеле да го одвојат од телото. А кога возилото на брза помош сакало да го одвезе телото, таткото не давал да се затвори вратата, кукајќи од неизмерна болка.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

One Response to “Бескрајна тага: 14 год дете загина, го удрил автомобил – таткото не сакал да се одвои од синот (Вознемирувачко Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.