Безживотно тело на девојка пронајдено во багажник на момче од Нов Белград


Полицијата поле повеќечасовна потрага во багажникот на еден автомобил, на паркинг во Нов Белград, синоќа, го пронајде телото на 28-годишната Милица С.

Каде се наоѓа телото на полицајците им откриле неколку мажи, кои биле приведено претходно.

Потрагата започнала во попладневните часови, кога станарите на една зграда пријавиле дека од станот на четврти спрат се чувствува непријатен мирис.

Како што дознава Курир.рс, кога полицијата упаднала во станот, се гледале траги од крв. Исти такви траги биле пронајдени и во лифтот од зградата. Преку истрагата засега е утврдено дека станот припаѓа на еден од приведените мажи, 30-годишниот Никола К.

Тој, според неофицијални информации, на инспекторите им рекол дека Милица се предозирала и починала.

Наводно нејзината смрт се обидувал да ја прекрие, кога со уште неколкумина ја ставил во багажник.

Според тврдењата на соседите, во станот на Никола често се собираат нарко зависници.

Телото на Милица било однесено на обдукција, каде ќе биде утврдена причината за смртта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1