Благодарам Србија – пораки од илјадници граѓани од регионот кои денес се вакцинира ФОТО


Илјадници македонски граѓани пред 20 пунктови го чекаа својот ред за првата доза од вакцината. Покрај Македонци, пред Белградскито саем имаше и граѓани на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Унгарија, кои деновиве се пријавија преку системот е-управа, и веднаш им беше закажана вакцинација за овој викенд.

На Белградскиот саем денеска се вакцинирани 6.446 граѓани, меѓу кои и странци, соопшти заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

– Вакцината на „АстраЗенека“ ја примиле 5.299 лица од кои повеќето се странци – рече Весиќ за агенцијата Бета, додавајќи дека се ревакцинирале 1.147 лица.

Според него, во БелЕкспо Центарот се вакцинирале 2.629 граѓани.

Процесот е многу добро организиран, не се води сметка за времето кое е закажано претходно. Вакцинацијата започнува околу 08:00 . Неколку стотици луѓе се ангажирани само за да ги пречекаат сите дојдени да се имунизираат.

На фотографијата се гледа дека на белградскиот саем е поставено пано со натпис „ДОБРОДОШЛИ“-ОГРОМНО ПАНО ВО ХАЛА 3 НА БЕЛГРАДСКИОТ САЕМ

FOTO – MKD-NEWS.COM

Целата процедура трае околу 30 минути – односно 15 минути за процедурата и 15 минути задолжително седење во халата за чекање, за да се осигурате дека нема да имате бурна реакција на вакцината.

прво се пополнува прашалник со информации за име презиме, контакт, бр на пасош и слично инфо. Потоа ве спроведуваат до лекарите каде одговарате на прашања околу евентуални алерги на лекови, терапија која ја примате и слично. откако ќе добиете зелено светло од лекарот одите на пултот за регистрација, каде за една минута ве внесуваат во системот, добивате лист со информации за вакцината, датата на примање, дата на ревакцина, како и код кој со скенирање ве носи на сајт каде има информации за вас и за вашата вакцинација. потоа одите во кабина каде ја добивате вакцината. Сиот персонал е и премногу љубезен а процесот тече совршено и брзо со максимална љубезност и професионалност.

Потоа одите во простор за одмор, каде има обезбедено доволно столчиња (удобни) каде седите едно 15 минути. на заминување имате можност да впишете ваш коментар во книгата за впечатоци.

FOTO – MKD-NEWS.COM

На крајот на денешниот ден огромна книга беше преполнета со благодарност и коментари од луѓето кои се вакцинирале.

FOTO – MKD-NEWS.COM

,,И благодариме на Србија за спасување на нашите животи!,,

,,сè работи совршено, сите се толку љубезни, сите пофалби и благодарност до Србија. ,, СЕ САМО ДЕЛ ОД КОМЕНТАРИТЕ.

FOTO – MKD-NEWS.COM
FOTO – MKD-NEWS.COM
FOTO – MKD-NEWS.COM
FOTO – MKD-NEWS.COM
FOTO – MKD-NEWS.COM
FOTO – MKD-NEWS.COM

на излегување ве испраќа исто големо пано на кое пишува ДОВИДУВАЊЕ – СЕ ГЛЕДАМЕ НА РЕВАКЦИНАЦИЈА

FOTO – MKD-NEWS.COM

ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА СТРАНЦИ ПРОДОЛЖУВА И УТРЕ – НЕДЕЛА.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1