Богоевски: Рекет ќе ја урне власта само ако не се расчисти


Неселективна и квалитетна истрага за случајот „Рекет“ може само да ја подобри позицијата на власта, смета поранешниот пратеник и некогашен предводник на „Шарената револуција“ Павле Богоевски. Тој во гостувањето во Детектор потенцираше дека без целосно расветлување на случајот власта нема иднина.

„Ако се расчисти и ако бидат хируршки идентификувани сите инволвирани без разлика на која позиција, дали се во државни институции, дали се во партиски органи, во моментов или во минатото, ако тие луѓе кои што евентуално сториле нешто незаконски бидат повикани за одговорност мислам дека ќе биде успешна приказната дека власта се бори со корупцијата во своите редови. Поради тоа не ми е логично дека Рекет е закочен за да не биде срушена оваа власт, бидејќи е очигледно дека ако се закочи ќе биде срушена оваа власт и тогаш ќе дојдат и тие ризици од кои што стравува меѓународната заедница“ – вели Богоевски за Детектор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1