Боки 13: Мијалков ќе го стават у затвор; Камчев : Ние тераме бизнис не уценувања, Мијалков нека си срка


Во новата снимка која ја објавува весникот „Ла верита“ се споменува и Сашо Мијалков. Боки 13 му најавува Камчев дека наскоро ќе има пресуда за прислушуваните материјали мисли на случајот „Тврдина/Таргет“ и дека Сашо Мијалков веднаш по пресудата ќе го стават во затвор.

Транскрипт од разговорот:

Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.

Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.

Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е пчкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се крчи и татко му направил пари, сега веќе не.

Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.

Боки 13: Друга.

Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.

Боки 13: Прислушуваните материјали.

Орце Камчев: Палчо и компанија, шо со тоа?

Боки 13: Не бре тоа, пресуда ќе има.

Орце Камчев: Ааа.

Боки 13: Мијалков.

Орце Камчев: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?

Боки 13: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.

Орце Камчев: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите г*мна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1