Болест што ја пренесува мушичка напаѓа деца – 16 случаи во Македонија


Во земјава досега се забележани веќе 16 заболени што е за осумпати повеќе отколку пред две години, но со нешто полесна форма на болеста од која во Бугарија почина едно дете, децата од пет до 10 години се најмногу на удар, предупредуваат од Институтот за јавно здравје.

musickiБолеста се јавува во две форми – кожна – кога се јавуваат јазли, како гнојни чирчиња на кожата, а може да биде зафатена и слузницата на устата, грлото и носот. Промените на кожата најчесто спонтано исчезнуваат, но некогаш може да останат и грди лузни – објаснува д-р Жарко Kараџоски, епидемиолог во Институтот, за Дневник.

Тој предупредува дека, за жал, болеста може да се јави и како висцерална лајшманиоза и да ги нападне и внатрешните органи – црниот дроб, слезината. Тогаш е многу поопасна и може да заврши со смрт. Дијагнозата се поставува со тестови на крвта, со кои располагаат нашите здравствени установи, а терапијата е антибиотска. Чиревите на кожата се мачкаат со раствор на антимон.

– Инкубацијата трае од 10 до 30 дена, а најчесто се јавува како кожна лајшманиоза. И кај ова заболување многу е важно граѓаните да ги спроведуваат мерките за заштита од комарци и други инсекти, бидејќи се пренесува преку убод на песочна мушичка. Мора да се постават мрежи на прозорците и на вратите, но и да се стават мрежи на креветот, ако се преспива во просторија која нема заштитени прозорци. Да се носат блузи со долги ракави и панталони со долги ногавици кога се престојува надвор.

Повеќе на Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Болест што ја пренесува мушичка напаѓа деца – 16 случаи во Македонија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.