Бонева лани зела 23.000 евра за патни трошоци


За  11 месеци од 2014 година за патни трошоци на пратениците се исплатени околу еден милион евра, објавува порталот „Инбох7“, повикувајќи се на податоците што ги добил од собраниските служби согласно Законот за слободен пристап до информации.

Најмногу трошоци наплатиле пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева од Струмица околу 23.000 евра и нејзиниот колега, гевгеличанецот Драги Цуклев, 25.000 евра. silvana-boneva-455x272

Според податоците на собраниската сметководствена служба, за 11 месеци лани за патни трошоци на пратениците се исплатени 60.302.260 денари, односно околу милион евра. Овие трошоци се направени од мај 2013 година до септември 2014. Само да споменеме дека во 2014 година имаше избори и околу три месеци Собранието не работеше.

Ако се точни информациите дека според внатрешниот правилник на Собранието пратениците на име на патни трошоци добиваат по 30 прoценти од цената на литар бензин за поминат километар, испаѓа дека ако народниот претставник се вози во автомобил кој троши 10 литри на сто километри на отворен пат треба за единаесет месеци да помине 600.000 километри за да земе 23.000 евра, пишува Либертас

MK News

Автор инфо

One Response to “Бонева лани зела 23.000 евра за патни трошоци”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.