Бора Чорба е тешко болен, мора на итно лекување!


Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ е тешко болен и наскоро ќе замине на лекување?!

„Бора неодамна дозна дека е болен. Единствено решение е операцијата“, открил извор за српските медиуми.

Но очигледно ситуацијата е поинаква.

„Рибља Чорба не ги откажа концертите, ниту ќе откаже еден настап. Напротив, на 7 декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Се закажуваат и датуми за Америка. Веста за откажување на концертите е злонамерна, со намера да ни го обезвредни албумот „Да тебе није“ и да внесе несигурност кај нашите фанови, но и да ги обесхрабри организаторите“, рекол Бора и додал: „Исто така, злонамерно е напишано дека бараме некои пари. Им благодарам на оние кои понудија финансиска помош, но пари не ни требаат. Сите во бендот сме осигурани“.

На крајот, Ѓорѓевиќ се огласил и за написите дека е тешко болен.

„Не сум тешко болен. Свириме и пееме подобро од кога и да било. Веруваме дека ваквите информации се саботажа на лоши луѓе. Во име на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1