Борисов: Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија за влез во НАТО


Во интерес на Бугарија е да ѝ помогнеме на Македонија да влезе во НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на јавната дебата во Атлантскиот клуб за евроатлантската солидарност во контекст на Брегзит.

Во рамки на дискусијата на тема „Трансатлантската врска за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, Борисов говореше и за Македонија, пренесува БГНЕС.

– За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, којшто очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Како на најблизок сосед и народ, на историчарите да им оставиме да спорат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и во ЕУ. Дали е подобро за Бугарија да има сосед зафатен од судири? Договорот за добрососедство треба да „тргне“ и ако него не можеме да го потпишеме за што друго да зборуваме – вели бугарскиот премиер.

MK News

Автор инфо

One Response to “Борисов: Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија за влез во НАТО”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.