Брачен пар од Скопје пронајден на Галичица, не се сеќаваат како стигнале таму


Брачен пар од Скопје денеска е пронајден во конфузна состојба на врвот на планината Галичица.

Двојката не знаела како се нашла во планинско подрачје ниту се сеќавале што точно предходно им се случило, јави Република.

Според информации од нивни блиски пријатели, тие тргнале во Охрид со цел да купат автомобил на старо.

galicica.zima

Единственото на што се сеќаваат е дека отишле во една од охридските кафеани каде што конзумирале пијалок по што го губат сеќавањето на сите настани се додека биле пронајдени зашеметени на Галичица.

Порталот јавува дека според Охридската чаршија, инцидентот е дело на организирана група која на сеуште неутврден начин успеала од скопјаните да одземе поголема сума евра.

Охридската полиција најавува информации за случајот во текот на утрешниот ден откако ќе заврши првичната истрага за инцидентот.

MK News

Автор инфо

One Response to “Брачен пар од Скопје пронајден на Галичица, не се сеќаваат како стигнале таму”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.