БРАВО – Македонија на Европско првенство


Македонија се пласираше на Европското првенство.

МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА ГРУЗИЈА ЗА ИСТОРИСКИ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2021

Голот на капитенот Горан Пандев во 56 минута од второто полувреме Македонија поведе со 1:0 и донесе пласман на Европското првенство.

Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување откако ја совлада Грузија со 1:0 во финалето на плејофот на Лигата на нации, обезбедувајќи пласман на Европското првенство презакажано од оваа за следната година.

Европското првенство ќе се игра од 12 јуни до 12 јули следната година, а домаќини ќе бидат 12 градови во исто толку држави. Македонија ќе биде дел од Ц-групата и ќе дебитира на 13 јуни против Австрија, на мечот што ќе се игра во Букурешт.

Во второто коло на 17 јуни, Македонија ќе се соочи со Украина во Букурешт, а четири дена подоцна е дуелот со Холандија во Амстердам.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1