Бремена сопруга на познат фудбалер – уби девојка на пешачки


Трагедијата се случи во саботата околу 22 часот кога трудната Јована со својот луксузен автомобил Мерцедес ја прегази 22-годишната Сања Тодоровиќ. Како што дознава српскиот Курир, 31-годишната трудница Јована Јоловиќ е сопруга на фудбалерот на Земун и OФК Београд, Никола Јоловиќ.

s-t-trudnica-j-j-saobracajna-nesreca-pregazena-devojka-zrenjaninski-pu-1383522731-391677-Девојката со нејзина роднина ја преминуваше улицата на пешачки премин. „Мерцедесот” неочекувано излезе и налета на неа, по што телото на девојката одлета педесетина метри. Јоловиќ го запре автомобилот и излезе. Го зеде мобилниот телефон и некого повика, а потоа избега од местото на несреќата, иако тоа со закон е забрането. Веројатно испаничила и отишла кај сопругот, бидејќи живеат во близина, вели за српски Курир извор во истрагата.

Според таткото на настраданото девојче, нему му се јавила другарката на Сања. Сања била на состанок со нејзиното момче и и се јавила на другарката да ја пречека на автобуската станица за да не се враќа сама по темница. поминувале на пешачки кога мерцедесот ја покосил Сања. Другарката веднаш ги повикала родителите.

Не ми дадоа да пријдам до возилото на брза помош каде се бореа за животот на моето дете. Се понадевав дека ќе ја спасат дека не е толку сериозно, но тогаш ми пријдоа лекарите и ми изразија сочуство, зборува низ солзи таткото на Сања.

hronika-jovana-i-nikola-jolovic-1383522713-391679trhrth4r5y45

Фудбалерот вели дека неговата сопруга е во многу лоша состојба.

-Мојата сопруга е во многу лоша состојба, доживеа голем шок. Многу и’ е жал поради трагедијата која се случи. И таа и јас жалиме поради смртта на девојката, тоа е навистина голема несреќа. Животот на Јована се промени за секунда, не знам што повеќе да кажам, вели фудбалерот Никола Јоловиќ.

Таткото на трагично загинатата девојка вели дека не го интересира ништо бидејќи неговата ќерка повеќе ја нема: – -Мене не ме интересира чија жена е, дали е бремена или не, дали возела брзо или бавно, бидејќи мојата Сања повеќе ја нема. Судот може да ја осуди на колку години сака, мене тоа ништо не ми значи. Таа жена мене ми го извади срцето од градите, вели Живко додека цврсто ја држи фотографијата од својата ќерка.

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Бремена сопруга на познат фудбалер – уби девојка на пешачки”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.