Буџетарите ќе добијат повисоки плати за 4 отсто


Владата ќе ги зголеми платите на администрацијата, пензиите и социјалната помош. Платите на вработените во јавната администрација ќе се зголемат за 4 насто, пресметано од октомвриската плата, додека социјалната помош и пензиите ќе се зголемат за по пет насто наредната година. Зголемувањето за социјалците и за пензионерите ќе се случи во јуни, односно во септември идната година. Ова го соопшти министерот за финансии Зоран Ставрески, откривајќи дека Владата во саботата го усвоила Предлог-буџетот за 2015 година, кој денеска ќе биде доставен во Собрание.

vlada1-630x289Ставрески вели дека, и покрај украинската криза, која негативно се одразува врз европската економија, Македонија има сила и можност да си дозволи да ги зголемува платите и пензиите, и да вложува во капитални инвестиции во 2015 година.
“Кога ветуваме нешто, добро пресметуваме и тоа го остваруваме, и знаеме дека можеме да го оствариме”, рече Ставрески.

За ваквото зголемување на платите, Владата е охрабрена од растот на економија од 4,3 насто во последните три месеци, и очекува овој позитивен тренд да се одржи и наредната година, со што ќе се зголемат приходите во буџетот.

Ставрески вети дека идната година Владата ќе продолжи да ја поддржува македонската економија преку капитални инвестиции во изградба на патна и железничка инфраструктура, изградба на водоводи, болници, школи, градинки, театри и на библиотеки, а во новиот буџет предвидени се и 140 милиони евра за субвенции за земјоделското производство.

Ставрески вели дека со европската обврзница е обезбедено сервисирање на странскиот долг и за домашното задолжување за 2015 година. “Идната година не планираме да се задолжуваме кај домашни банки”, откри тој.
Инаку, проекција на Владата е дека следната година македонската економија ќе расте за 4 насто, инфлацијата да биде ниска на ниво на 2 отсто, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од бруто-домашниот производ.

MK News

Автор инфо

One Response to “Буџетарите ќе добијат повисоки плати за 4 отсто”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.