Будистички монах умрел во 1927, но и панатаму е “ЖИВ” (Видео/Фото)


Телото на монахот Хамбо Лама Итигелов не се распаѓа и покрај тоа што веќе 85 години поминале од неговата смрт. Стручните лица тврдат дека поради тоа што смртта настапила за време на медитација, Итигелов не отишол на оној свет, туку тој се уште е во некоја друга состојба.

Будистичкиот монах Итигелов од сибирската република Бурјатија, преставува една од најголемите светски мистерии, поради тоа што неговото тело, после смртта во 1927, до ден денешен не започнало да се распаѓа. Неговите зглобови сеуште се виткаат, меките ткива под притисок се вдлабнуваат како кај живиот човек, а неговоте тело ги има сите карактеристики како да умрел пред 36 часа.

338022_hambo-lama-jutjub_f

Кога во септември 2002 година во местото Хухе-Зурхен, е отворен дрвениот саркофаг со неговите посмртни остатоци, во присуство на научници и будистички свештеници, се заклучило дека телото е недопрено од времето и дека сеуште се наоѓа во истата “лотос” поза, во која и починал при медитација.

monah

Инаку, Итигелов оставил аманет, неговото тело да се ексхумира, а тоа било извршено во три наврати – 1955, 1972 и во 2002 година. Сите три пати било заклучено дека неговото тело нема никакви знаци на трулење.

Лама Итигелов додека бил жив го постигнал нивото на легенда, бил лидер на будистите од источниот Сибир од 1911 до 1917 година и се прославил како филозоф и лекар, а се зборело и дека можел да оди по вода како Исус. Најмистериозна е неговата смрт во 1927 година кога Лама опкружен со неговите ученици им рекол дека откако ќе умре, по одредено време да го извадат од гроб, со ветување дека ќе се врати. После тој говор, ја завземал “лотос” позата и потонал во медитација.

Телото на Итигелов сега се наоѓа во Иволгинскиот манастир, во местото Улан-Уде, блиску до границата со Монголија и преставува вистинска реликвија. Централната духовна управа на будистите во Русија донела одлука да се направат сите напори за и понатаму да се чува оваа реликвија во најдобрите можни услови.

160-yo-buddhist-lama-died-85-years-ago-and-still-aliveНаучниците кои се занимаваат со феноменот на зачувување на телото после смртта, кој е многу познат во медицината и науката, секогаш е резултат или на одредена обработка на телото (балсамирање) или зачувување во изолирани услови, но при контакт на телото со кислород, ткивата веднаш започнуваат да се распѓаат. На телото на Итиганов не биле откриени никакви знаци ниту докази за балсамирање.

“Јасно е дека Итигелов не е жив, зошто неможе да стане и да оди, но преминувањето на оној свет во состојба на медитација, очигледно нешто променило. Резултатите од испитувањето на неговото тело, наведуваат на претпоставката дека Лама Итигелов со помош на медитација се довел себе си во состојба на анабиоза (состојба кај некој одредени организми кога се под стрес). Инфрацрвената спектроскопија покажала дека протеините во неговите клетки, покажуваат особини на живи организми” – објаснила докторката по историски науки Гаљина Јершова.

Izvor – 365.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Будистички монах умрел во 1927, но и панатаму е “ЖИВ” (Видео/Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.