Бугарија на полноќ ги затвори границите за Македонија


Од 16 до 30 јули забранет е влез во Бугарија за македонските државјани, освен ако се работи за транзит.

На граѓаните на Македонија привремено им е ограничен влез во Бугарија од 16 до 31 јули, пишува бугарскиот портал Новините.

Оваа забрана не важи само при транзит. Транзитот се дозволува само во случаи кога може да се гарантира неодложно напуштање на територијата на Бугарија.

Порталот додава дека во Бугарија, освен Македонија, во земјата влез нема да имаат и државјаните на Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1