Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани


Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал.

Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РМ, напиша Захарева на Фејсбук.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1