Archive | Македонија RSS feed for this section

Се заљубил додека чистеле во Стајковци: Антонио од Прилеп јавно и искажа љубов на Дијана

Скопје сè уште ги лекува раните од природната катастрофа што му се случи пред неколку дена. Поплавите однесоа голем број човечки животи, а многу луѓе останаа без своите домови. Волонтерите пристигаа од целата земја, а меѓу нив бил и младиот прилепчанец Антонио Пандовски (21) која дури помагал ја сретнал, како што вели, љубовта на својот […]

______________________________________________________________________________________________________

Цел документарец: Сведоштва на хероите – Спасувавме луѓе додека водата ги полнеше куќите

„Се погледнавме со колегите не можевме веќе да чекаме, влеговме во просторот кај што беше водата надојдена и успеавме 15 лица да ставиме во едно возило и да ги однесеме на безбедно на пунктот кај што беше за прифаќање“. Ова е дел од сведоштвата на хероите кои пожртвувано помагаа во поплавените подрачја. Невремето кое го […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка кај Гевгелија – Шекеринска била во едниот од автомобилите

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзините родители биле во едно од возилата што утрината учествуваа во сообраќајната несреќа кај надвозникот кај село Мрзенци, на автопатот Скопје – Гевгелија, потврдија од партијата. Официјалните информации од полицијата говорат дека во несреќата учествувале автомобил „Мицубиши“, со скопски регистерски ознаки управуван од 68 годишниот А.Ш., а сопатничка била […]

______________________________________________________________________________________________________

Сведоштво на малите херои од Стајковци за ноќта помината на ограда во борба за живот

Вистинското другарство ги им помогнало да не и се предадат на поплавата. 17 годишниот Петар Велковски и тројцата негови другари божјо чудо ги спасило од водената стихија. Два ипол часа виселе на ограда додека беснеело невремето. Се почнало во жолтиот матиз кој исфрлен од поплавата пред куќа во Стајковцио до вчера сведочеше за силното невреме. […]

______________________________________________________________________________________________________

Сведоштва од хероите на терен: Спасувале животи без да помислат за себе

Десет дена на терен меѓу граѓаните. Ги жртвувааа сопствените животи за да спасат сограѓани. Припадниците на полицијата пожртвувано на терен се бореа со невремето минатата сабота, а од тогаш секој ден се справуваат со нејзините последици. Во документартецот на ТВ НОВА хероите од терен ги даваат своите сведоштва. Вистински приказ на тоа со каква катастрофа […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Стајковци: Нервозен возач со „ауди“ удри војник

На 15 август околу 8.30 часот во ЕИК-Скопје пријавена е сообраќајна незгода на клучка Стајковци во која автомобил ауди, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј. од село Стајковци, удрил во војникот Х.А. Имено, Х.A. како член на патрола на АРМ, која била поставена на горенаведеното место, на возачот на автомобилот ауди му укажал дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Ново големо поскапување на цигарите во Македонија

Нова серија поскапувања на цигарите во Македонија. Веќе неколку дена по ред, поскапуваат најпопуларните брендови на цигари во земјава. Од пред неколку дена, Марлборо во тврдо пакување се продава по цена од 130 денари за кутија додека по 5 денари за кутија, на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари. Поскапеа и […]

______________________________________________________________________________________________________

Деца го демолираа училиштето што ја преживеа поплавата во Сингелиќ

Дрско и нечовечки е во услови на кризна состојба некој ќе се осмели да демолира училиште, уште повеќе кога тоа училиште е центар од кој се дели хуманитарна помош и се координираат теренските активности за поефикасно санирање на штетите од поплавите. Вчеравечер непознати сторители упаднале во училиштето „25 Мај“ и демолирале неколку училници. Градоначалникот на […]

______________________________________________________________________________________________________

По поплавата хоспитализирани 10 деца во Козле, лекарите предупредуваат на внимание

Не престанува да плаче. Двегодишното дете било донесено на Детската клинка Козле со покачена телесна температура и кашлица. Неговата мајка објасни дека тие едвај се спасиле од поплавата, едвај ги спасиле децата и оттогаш нејзиниот син има потешкотии со дишењето и повраќање, пренесува ТВ21. „Од вчера сме дојдени со малиот тука затоа што од поплавите […]

______________________________________________________________________________________________________

СВЕДОШТВА: Немаше време за броење, гледавме да спасиме што повеќе луѓе

„Се мобилизиравме и со осум возила дојдовме тука, лично ги координирав работите. Пристапот беше многу тежок. Улицата беше до половина метар полна со вода, а страничните улични метар и повеќе“, раскажува воено лице кое било задолжено за спасување на влезот на Арачиново, за време на ноќта по невремето во кое загинаа 22 лица. Тој во […]

______________________________________________________________________________________________________

СВЕДОШТВА: Сопругата му рекла „ Остави ме мене, спаси се ти! “

За луѓето кои починале, но и оние кои биле спасени, за тешката ноќ по големото невреме што го поплави Скопје, во документарниот филм „Сведоштва“ на ТВ Нова зборуваше еден херој кој спасил многу животи, но и видел неколку згаснати. Неговиот ангажман започнал во Сингелиќ, а продолжил кон едно од најкритичните места – клучката пред Стајковци. […]

______________________________________________________________________________________________________

Сведоштва на спасувачите: Ги облекувавме нуркачките опреми по пат, во прашање беа секунди

„Оној момент кога беше алармиран нуркачкиот тим, бевме повикани од дома, но не очекувавме да наидеме на таква водена стихија. Ова беше нешто невидено. Побрзавме и ја облековме нуркачката опрема, зашто бевме известени дека има возила кои се потопени до кровот со вода. Имаше неред, а дел од возилата беа однесени од водата како конзерви“, […]

______________________________________________________________________________________________________

Отидовме со семејството во Будва на летување – следеше вистински УЖАС

На ден 06.08. сабота пристигнавме на летување во Будва, Црна Гора, секако семејно, 2 семејства – 4 возрасни лица и две деца, пишува ТВ Сител Бевме во потрага по сместување, во тоа ни помагаше таткото на мојот пријател кој пред нас пристигна 5 дена и, секако не најдовте па тргнавме на некое друго место во […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО СВЕДОШТВА на полицајците кои спасуваа и извлекуваа луѓе зафатени од поплавите

СВЕДОШТВА – Документарен филм на Телевизија Нова посветен на хероите кои ги жртвуваа своите животи за да спасат многу други. Приказни со тажен и среќен крај, необјавени стории и ексклузивни изјави. Не пропуштајте! ВЕЧЕР – Понеделник од 20 и 30 часот на ТВ Нова.

______________________________________________________________________________________________________

Груевски во посета на пумпната станица во Таор – по невремето испумпани 2.300.000 метри кубни вода

3.200 литри во секунда вода испумпуваат пумпите на водостопанство од станицата која се наоѓа со скопско Таор. Во овие канали, каде се наоѓа пумпната станица се слева целата вода од скопската котлина, вклучително и од населбите кои беа најмногу погодени од силното невреме. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес беше во ова село каде е […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРЕД И ПОТОА: Очајните слики во поплавените подрачја стануваат минато

На шести август вечерта Скопје и неколку села од општините Гази Баба и Илинден беа зафатени од неколкучасовно страотно невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град чиј интензитет се рамни со врнежите на годишно ниво во Македонија на метар квадратен. Науката се уште не излегла со финална дефиниција за невремето, но и страотните […]

______________________________________________________________________________________________________

Мартин освои второ место и награда од 3,4 милиони долари на Дота 2 турнирот

3,4 милиони долари заработи Македонецот Мартин Саздов, кој заедно со неговиот тим го освои второто место на интернационалниот турнир на играта Дота 2 кој се одржа во Сиетл, САД. Саздов и неговиот тим стигнаа до големото финале каде утринава загубија со 3:1 но сепак и второто место е неверојатен успех за интернационалниот тим кој во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мигрантка се породила во возило за Брза Помош

На територијата на Македонија во изминатите 24 часа се откриени вкупно 47 мигранти, од кои 39 во атарот на радовишкото село Дамјан, а осум во близина на граничниот премин Стар Дојран, меѓу кои и бремена жена која била породена од лекари од гевгелиската Брза помош, соопшти МВР. Вчера околу 05:30 часот во близина на раскрсница […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1