Archive | Македонија RSS feed for this section

МТСП: Погодените од поплавите уште 5 дена да се ослободат од работа

Министерството за труд и социјална политика согласно задолжението на Владата на Република Македонија од седницата одржана вчера, известува дека се задолжуваат сите органи на државна управа а се укажува односно препорачува на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа да ги ослободат од работа во времетраење од 15.8.2016 (понеделник) до 19.8.2016 (петок) вработените […]

______________________________________________________________________________________________________

Јолевски: АРМ деноноќно е на терен за да помогне на населението (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, зборуваше за помошта која ја пружа АРМ на терен, директно помагајќи им на лицата погодени од поплавите. Ангажираниот персонал од составот на армијата во кризните региони е распореден во пет сектори. Првиот сектор е Стајковци, каде има потреба од 150 до 300 лица, војници.  Вториот сектор е […]

______________________________________________________________________________________________________

Чавков: Евакуирани се над 2.500 лица и укажана е медицинска помош на над 500 лица (ВИДЕО)

Од страна на МВР за ефикасно справување со последиците од невремето, а согласно упатството за оперативни постапки во услови на кризна состојба, беа преземени активности на брзо излегување на местото и за таа цел од страна на СВР Скопје изготвен е план за мерки на превенција, рано спречување и справување во услови со кризни состојби. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина портпаролот на ДОМ Тони Ристов

Почина Тони Ристов долгогодишен портпарол на ДОМ, соопштија денеска од партијата на зелените. – Го изгубивме Тони, кој беше долгогодишен портпарол на ДОМ и лицето на македонските зелени. Со него изгубивме топол и искрен човек, но и страсен екологист и борец за правда, се истакнува во соопштението. Од ДОМ информираат дека посмртните останки ќе бидат […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Пешевски, Трајановски, Тодоров на терен и во ноќта во Сингелиќ

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски. ги координираат вечерните активности за расчистување на теренот и санирање на штетите предизвикани од катастрофалните поплави во Сингелиќ и останатите поплавени подрачја. Се прават натчовечки напори, не се губи време и се работи и во […]

______________________________________________________________________________________________________

Собраниска седница за состојбата со поплавите

Собранието на Република Македонија за денеска напладне ја закажа посебната седница посветена на состојбата во поплавените подрачја од невремето што се случи на 6 август годинава во Скопје и околината. На дневен ред на седницата е Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН ги санираше сите дефекти, граѓаните нема да плаќаат за замена на броила и санација

ЕВН Македонија соопшти дека ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион. – Со интензивната работа на екипите на ЕВН Македонија на терен, во овие подрачја сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична […]

______________________________________________________________________________________________________

100 процентно обештетување на погодените од невремето (ВИДЕО)

Владата на република Македонија денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. -Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош […]

______________________________________________________________________________________________________

Крстот во Аеродром ќе биде осветлен со со штедливи лед-диоди

Општина Аеродром планира да го смени осветлувањето на крстот во општината со штедливи лед -диоди. – Во врска со реакциите кои се појавија во медиумите, Општина Аеродром ја известува јавноста дека всушност станува збор за проект со кој е планирано да се смени осветлувањето на крстот во Општина Аеродром со лед-диоди, кои се штедливи, со […]

______________________________________________________________________________________________________

Жителка на Стајковци се затрула со хуманитарна помош

Жителка на Стајковци е затруена од хуманитарна помош, откако поради невнимание се напила средство за чистење мислејќи дека е сок. Помошта им била доставена во домот од волонтери, а ја земал нејзиниот свекор. Жената кога ја испила течноста веднаш почуствувала печење во грлото и болки во желудникот, по што побарала лекарска помош, информира Плус Инфо […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте на ВОДНО: Напаѓаат волци во Нерези – жителите во паника

Во населбата Средно Нерези во Скопје синоќа волци влегле во дворови на жителите пришто задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош. Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие […]

______________________________________________________________________________________________________

Солзите сами капат додека Соња од Стајковци раскажува како ја спасила мајка си (ВИДЕО)

Кога била мала Соња го загубила татко си, а во саботата изгубила сѐ што имала во нејзиниот дом. Живее сама со нејзината мајка во Стајковци. Кога водата во саботата им го голтнала домот, Соња била таа која успеала да и го спаси животот на мајка си, а таа два часа се борела со водата за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Навивачката група Комити помага во расчистувањето во Стајковци

Жестоки на трибини, вредни на терен. Навивачката група Комити неуморно работи на расчистување на куќите на најкритичните точки во Стајковци. За навивачите нема одмор се додека целиот отпад не се извади од поплавените домови Покрај работната сила, Комити собираат и хуманитарна помош. Додека тие расчистуваат, девојките од врата на врата ги разнесуваат намирниците кои им […]

______________________________________________________________________________________________________

Механизацијата на Трансмет на помош од првиот ден

Бизнис секторот масовно се вклучи во хуманитарните акции за помош на настраданите фамилии од саботното невреме. Над 3000 компании членки на Сојузот на Стопанските Комори се приклучија и донираат парични средства, прехранбени производи, облека, ќебиња, средства за лична хигиена, флаширана вода и се она што им е потребно на граѓаните, пренесе ТВ НОВА. Стопанствениците одат […]

______________________________________________________________________________________________________

Потресно сведоштво од волонтер на терен

Во поплавените региони неуморно волонтира Мартин Малиновски, кој ја потресе јавноста со својата објава во која ја опишува реалната ситуација на терен: „Влегуваш во дворот, домаќинот ви вели фала фала а уште не сте ни почнати, одеднаш пред очите кои такво нешто не виделе до сега слика на микро апокалипса, молчиш, немаш глас, гледаш девојче […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте, измамници собираат донации во име на МПЦ!

Непознати лица претставувајќи се во име на МПЦ собирале донации по куќи и станови во Скопје за поплавените подрачја. Станува збор за измама, на која предупредува Скопската епархија. МПЦ посочува дека донациите кои се собираат се исклучиво во храмовите. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Забележани се примери, како поединци во името на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија или […]

______________________________________________________________________________________________________

200.000 помош од Црна Гора за Македонија

Владата на Црна Гора издвои 200 илјади евра помош за настраданите во невремето и поплавите што ја зафатија Република Македонија. Амбасадата на Црна Гора соопшти дека 100 илјади евра се финансиска помош што е наменета за буџетската резерва на Македонија, а 100 илјади евра е хуманитарна помош, медицинска и интендантска опрема. Помошта ја подготвија неколку […]

______________________________________________________________________________________________________

СТРАШНИ ГРМОТЕВИЦИ: Еве колку силно се гледало скопското невреме од Косово (ВИДЕО)

На социјалните мрежи можат да се забележат две видеа снимени од Косово. Навистина делува страшно.Невремето кое го зафати Скопје минатиот викенд очигледно било со огромни размери. погледнете  

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1