Archive | Македонија RSS feed for this section

ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ: САБОТА И НЕДЕЛА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ВОЛОНТЕРИ ЕВЕ КОГА

Општина Гази баба ги повикува сите хумани граѓани утре и задутре да се приклучат на акцијата за помагање во расчистување на домовите на семејствата погодени од катастрофалното невреме. Пожелно е заинтересираните со себе да понесат и соодветна опрема, чизми, ракавици и слично. ЈСП Скопје обезбеди бесплатен автобуски превоз кој ќе тргнува во 9:00, 12:00 и […]

______________________________________________________________________________________________________

Донаторска емисија на турската телевизија Тек Румели за помош за Македонија

Вечерва балканската телевизија Тек Румели чие седиште е во Истанбул, Турција организира донаторска емисија за помош на Македонија. Со учество на неколку градоначалници од општини во Турција, здруженија кои ги градат врските меѓу двата народа, како и со вклучување на преставници од Македонија, ќе се обидат да помогнат во собирањето помош за настраданите од поплавите […]

______________________________________________________________________________________________________

Специјалците во потрага по исчезнатите – 6 ден го бараат исчезнатото бебе

ЕБР, ЕСЗ, ПЕП од рано утрината се вклучија во нова потрага по исчезнатите лица. На дадена задача над 50 припадници на единиците тргнаа да го пребаруваат реонот од автопатот меѓу Смилковско езеро Камник и Стајковци . По наредба на началникот специјалците се распоредија на метар одалечени еден од друг и тргнаа во правец кон куќите. […]

______________________________________________________________________________________________________

Дечињата од поплавените реони ќе гостуваат во Охрид

Главниот туристички центар продолжува со помош за настраданите во Скопско . На покана на детската градинка Јасна Ристеска 28 деца на возраст од 4 до 6 години ќе бидат сместени во објектот Росица се со цел да им се разубави секојдневието во овие тешки мигови . Најмладите за време на престојот ќе посетат културно историските […]

______________________________________________________________________________________________________

Пазарната инспекција на терен – Трговци мора да ги вратат цените на најпотребните производи на ниво од пред поплавите

Вода, ракавици, гумени чизми, средства за дезинфекција. Трговците за овие производи ќе мора да ги вратат старите и реални цени, од пред невремето. Оваа одлука државата ја донесе доцна синоќа на владина седница, откако дел од трговците ја злоупотребија состојбата со поплавите и гумените чизми и другите неопходни производи кои во моментов се неопходни во […]

______________________________________________________________________________________________________

Чавков: Македонија се соочи со досега невидена природна катастрофа, но состојбата значително се подобрува

Во моментов состојбата можам да кажам дека значително се подобрува, се вложуваат максимални напори, институциите на системот функционираат. На ниво на влада беше донесена одлука, прогласена е кризна состојба, формиран и активиран е кризниот менаџмент, изјави за Телевизија Нова министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Чавков вели дека има навистина значителен напредок во однос на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВАЖНО: Комисијата за заразни болести за жителите од поплавените подрачја

Во рамки на секојдневните мерки и препораки, а со цел заштита на здравјето на жителите во загрозените подрачја од поплавите во Скопскиот регион, Комисијата за заразни болести препорачува на ранливите групи од овие подрачја доколку имаат можност привремено да престојуваат кај нивни роднини или познаници надвор од подрачјата опфатени со поплавите, а доколку немаат таква […]

______________________________________________________________________________________________________

На терен над 40 тимови на проценители, до вчера извршен увид во над 1.200 домаќинства

Над 40 тимови на проценители во моментов се на терен во поплавените подрачја и вршат увид во загрозените домаќинства. Тимовите за проценка до вчера имаат извршено увид и во над 200 оштетени моторни возила. Очекувањата се дека во текот на денот комплетно ќе бидат завршени увидите во Црешево, Страчинци, Смилковци Булачани, Виниче, Раштански пат, Инџиково […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасов: Механизацијата е целосно аннгажирана во санацијата, започна и процесот на дезинфекција

Работиме на вадење на калта, сметот, исто уништените материјали во домовите, со цел целосно расчистување на куќите и дворовите. Процесот не е едноставен. Имаме континуирано чистење на улиците, бидејќи отпадот постојано се префрла од дворовите на улиците и тука механизацијата е целосно посветена, истакна Министерот за труд и социјална политика при денешната посета на селото […]

______________________________________________________________________________________________________

Стајковци се соочува со штетите: Сите ни помагаат, храна, лекови и вода стигнуваат од секаде (ВИДЕО)

По страшното невреме што го зафати Скопје во саботата, едно од најпогодените места, скопското село Стајковци, се соочуваа со штетите што ги оставија  поплавите зад себе. Таму вчера сите беа на нозе, од месното населени кое ги чистеше своите куќи и дворови, припадниците на Армијата кои им помагаа и можеа да се видат во секој двор, до волонтерите кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Десетина на Инфективната клиника – Цревни и кожни заразни заболувања во Стајковци

Цревни и кожни заразни заболувања се регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци, објави порталот „Здравство24“. Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожени заболувања и тоа што вчера викаа дека е алергија не е, тоа се бактериски инфекции, […]

______________________________________________________________________________________________________

Неготинско синоќа зафатено од невреме, во Куманово град

Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер вчера доцна попладне и во вечерните часови го зафати Неготинско, а во околината на Куманово е регистрирана и појава на град, соопштуваат од УХМР. Локална појава на пороен дожд и грмежи се регистрирани во северните и источните делови од Македонија. Во текот на ноќта, како што наведуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна дезинфекција во поплавените подрачја во општина Аеродром

Во поплавените подрачја во Општина Аеродром од вчера почна процес на дезинфекција на домовите, кои беа зафатени од катастрофалната поплава. Од општината информираат дека во соработка со Институтот за јавно здравје, екипите за дезинфекција почнале од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, ќе следат улицата „Мите Богоевски“ во населбата Лисиче, како и на други локации […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата удри по профитерите – ги врати цените на некои производи на ниво од 5-ти август!

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5 август 2016 година. Од Министерството за економија информираат дека одлуката, донесена врз основа на член 30 став 1 алинеа 2 од Законот за трговија, се однесува на […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време нè очекува викендов?

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте. Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и […]

______________________________________________________________________________________________________

Привремена евакуација во Стајковци

Започна да се врши привремена евакуација во скопското село Стајковци. Надлежните апелираат жителите на поплавеното подрачје да се сместат на друга локација додека трае мерката за дезинфекција на нивните домови, јавува ТВ Нова. Од инситуциите порачуваат жителите на Стајковци да се сместат во домовите на свои роднини и пријатели, а доколку немаат каде да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Штип: Татко со синот за 10.000 евра нарачал убиство на сопругата што му побегнала

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(66) и И.М (41), двајцата од пробиштипското село Ратавица, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „поттикнување“ во врска со кривично дело „убиство“. При крајот на јули 2016 година пријавените, татко и син, по претходен меѓусебен договор со намера да ја лишат од живот Д.М.(35) […]

______________________________________________________________________________________________________

Се шират кожни и цревни зарази во поплавените подрачја

Купиштата ѓубре, мочуриштата, калта како последица од катастрофалното невреме почнаа да го земаат данокот по здравјето. Цревни и кожзни заразни заболувања регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци објави порталот „Здравство24“ -Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожни заболувања […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1