Archive | Македонија RSS feed for this section

Изгубена жена со склероза во Центар, блиските апелираат за помош

Семејството на исчезнатата Гена Новина, на која денеска и се изгубил трагот во центарот на Скопје, апелира доколку некој ја забележи, веднаш да ги побара на телефонскиот број 075 408 668. 75-годишната жена е болна од склероза, а полицијата не презема чекори околу нејзиното пронаоѓање, поради ангажираност во поплавените подрачја.

______________________________________________________________________________________________________

Јаглен од „Усје“ ја обои во црно водата која поплави дел од Кисела Вода

Јаглен складиран во Цементарница „Усје“ ја обоил водата во црно која во саботата ги поплави дворовите и деловните објекти во дел од општина Кисела Вода, тврдат од компанијата, откако вчера граѓани од тој дел на општината се пожалија дека додека се бореле со водената стихија одненадеж бликнала црна, како катран вода., пишува Плус Инфо Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Претседателот Иванов ја донираше платата за настраданите во поплавите

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја донираше својата месечна плата во Фондот за помош на настраданите од неодамнешните поплави во Скопје. Истовремено упати повик до сите државни и јавни функционери да го сторат истото.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Ведран 3 часа се борел со студената вода пред да го спаси таткому – загинаа мајкаму и братчето

Малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка е детето кое многумина денес го прогласија за херој, откако беше објавено дека цели три часа се борел со студената вода и калта пред да го спаси неговиот татко, пишува Курир.мк Тој со своите родители и помалиот брат се враќале од годишен одмор кога страшното невреме ги затекнало кај […]

______________________________________________________________________________________________________

Елиф ја однесе поплавата, се трага по телото на 16-месечното бебе

Џ.Ф (18) вчера околу 18 часот пријавил дека на 06.08 околу 20 часот во близина на обиколница Смилковско езеро, неговиот брат сега починатиот Фуркан Фејзула, движејќи се со возило, во кое како сопатник била неговата шеснаесетмесечна ќерка Елиф Фејзула, во момент на временските неприлики наишол голем воден бран кој почнал да го носи возилото и […]

______________________________________________________________________________________________________

Иван почивај во мир: Таткото сам си го пронајде удавениот син во Синѓелиќ

И.Г. од село Стајковци, скопско, вчера околу 17 часот пријавил дека на 06.08.2016 година околу 22 часот во близина на крстосница на ул. 8 со ул. 5 во Стајковци, неговиот татко движејќи се со трактор во кој како совозач бил неговиот дванаесет годишен син Иван Илиев, во момент на временските неприлики наишле на голем воден […]

______________________________________________________________________________________________________

И денеска можност за поројни дождови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Во текот на денот локално процесите може да бидат и поинтензивни, но кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од […]

______________________________________________________________________________________________________

Ден на жалост во Крива Паланка

Советот на Општина Крива Паланка вчера на вонредна седница донесен одлука за прогласување на 9 август – ден на жалост во општина Крива Паланка по повод трагичната смрт на Велиновска Марина (39) и нејзиниот малолетен син, шестгодишниот Јован, кои во сабота вечерта, на 6 август, трагично ги загубија животите во поплавите предизвикани од силното невреме […]

______________________________________________________________________________________________________

Ад-хок телото доби четири члена

Слаѓана Димишкова од „Вест“ , Цветин Чилиманов од МИА , Горан Трпеновски исто така од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, се четворицата членови на ад-хок телото кои ги предложија партиите, потврдуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Димишкова покрај новинарка е и претседателка на Македонска асоцијација на новинари, а Трпеновски […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште 4 лица се пријавени за исчезнати

Уште четири лица се пријавени за исчезнати, информира денеска на прес конференција Шабан Салиу, директорот на Агенцијата за заштита и спасување. Како коментар, пак, на жалбите на граѓаните дека институциите недоволно и ненавремено реагираат, Салиу објасни дека нивните екипи се постојано на терен и работат активно со целосен капацитет од 85 пумпи за испумпување на […]

______________________________________________________________________________________________________

ЈСП: „65“ и „55“ со скратени или редуцирани линии

ЈСП ги известува службите задолжени за нормално одвивање на сообраќајот дека поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на јавен превоз ќе бидат скратени или редуцирани. Таквата промена ќе важи за следниве линии: – линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“; – линија 65 од с.Раштак […]

______________________________________________________________________________________________________

Стигнаа резултати: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

Водата во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна за пиење, информира Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кој задолжен за секојдневен мониторинг на водата за пиење од водоводниот систем на Град Скопје и утврдување на нејзината санитарна исправност. – Стручни тимови на Центарот беа вонредно ангажирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Невремето кое го зафати Скопје снимено од авион!

ТВ Орбис објави видео од невремето кое го зафати Скопје испратено од стјуард кој во тој момент бил на работа и летал токму над Македонија. Погледнете:

______________________________________________________________________________________________________

ТВ НОВА објави ексклузивно видео од моментот на невремето во Стајковци

Телевизија Нова во посетите на најпогодените места од невремето на 6 август дојде до ексклузивна снимка од Стајковци во која се гледа надојдената вода како го поплавува дворот на една од куќите во селото.

______________________________________________________________________________________________________

Херојот од обиколницата со апел до јавноста

Херојот од обиколницата Веле Боганитновски преку „Фејсбук“ профилот ги повика сите граѓани во државата да ја покажат на дело својата хуманост и да помогнат на настраданите во катастрофалната поплава. Во своето обраќање до јавноста Богатиновски вели: Почитувани сограѓани на оваа хумана држава и пријатели на „Фејсбук“, сите ние живееме во едно време – невреме каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдено телото на малиот Иван 22 жртва – екипите трагаат по 16 месечно девојче

Полицијата вчера попладне добила пријава за исчезнати две лица во поплавите по силното невреме кое го зафати Скопје и околината. Станува збор за 12 годишно момче и 16 месечно девојче. Според информациите од Министерството за внатрешни работи таткото на 12 годишниот Иван пријавил дека неговиот син во моментот на невремето бил со неговиот дедо на […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР најавува ново невреме

Според предупредувањето, во четврток попладне и петок ќе земјата ќе биде под влијание на лажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, пренесува Макфакс. Во петок преку денот ќе дува засилен северен ветер кој на […]

______________________________________________________________________________________________________

Наместо на свадба- во смрт

Тетовката Достана Димитриевска, која заедно со сопругот, сестрата, нејзиниот маж и детето оделе на свадба, настрадала кога силен порој удрил во автомобилот и го превртел на обиколницата, пишува Утрински. Достана со нејзиниот сопруг Злате со автомобил „опел“ заминале на свадба во едно од селата што најмногу настрадаа во поплавите. Во автомобилот имало уште еден брачен […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1