Чичко а што е тоа цртан филм? – 3 дечиња никогаш не гледале телевизија живеат без струја


Мичо(9), Милош(6) и Марко (3) Јелиќ растат во брвнара без струја и вода и никогаш не гледале телевизија нити пак во домот виделе сијалица.

Избушена топка им е единствена играчка

Со лампа на гас легнуваат, со лампа учат. На самата граница меѓу Србија и Црна Гора  во зафрлен крај на Пештерската висорамнина три момчиња Мичо(9), Милош(6) и Марко (3) имаат детство како што ретко кој има. Живеат во брвнара без струја, вода и тоалет. Нема пат до нивната куќа.

,, ех да барем имаме една сијалица, да Мичо барем има како да пишува домашна задача. Вака ќе седнеме навечер околу ламбата на гас, а ниту буквите не можеме да ги видиме, а камо ли детето да учи,, вели мајката Светлана.

Дечињата живеат во брвнара од една соба, внатре има 5 кревети, дрвена маса, чист но земјен под, стар шпорет. До брвнарата имаат штала во која се животните.

Овие 3 момчиња никогаш не виделе телевизор, а имаат само една избушена фудбалска топка. Среќни и задоволни ја шутираат низ дворот, а кога го прашавме малиот Милош кој цртан лик најмногу го сака и кој цртан филм, тој застана и зачудено не праша – ЧИЧКО А ШТО Е ТОА ЦРТАН ФИЛМ? Пишува српски Курир.

Чуле дека има телевизор кутија на која има слики и има фудбалски натпревари, но за тоа знаат само од прераскажување на нивниот дедо и таткото Дарко.

Семејството е скромно но гордо. Имаат 15 крави, земја, но струја неможеле да доведат сами до куќата, ниту пак вода бидејќи е многу далеку нивната куќичка од последната бандера и чини многу, потребни се околу 30 бандери.

,, Ми е жал што децата растат вака… без струја, без вода, купатило, пат. Но што да правиме – овде барем имаме животни, имаме храна, ќе си се спремиме добро за зима, ќе си купиме се што треба. Ако одиме во град што да правиме таму, од што ќе живееме?  Би купил јас телевизор одма за децата – но како кога нема струја,, вели дедото на момчињата Томислав Јелиќ 79 годишен.

Иако сум стар не губам надеж дека еден ден ќе видам сијалица во оваа наша скроман куќичка, вели.

Од општината Сеница велат дека веќе се ангжирале и ќе се однесе булдожер прво да се пробие пат до куќичката на ова и уште 15 семејства кои живеат во тој реон со вкупно околу 20 луѓе.

,, Ја молам државата да се смилува на нас, барем за овие деца, да донесат струја, да ги фрлиме овие лампи, па срамота е утре ќе одат меѓу светот а не знаат што е цртан филм, телевизор, радио. Како да живеат изолирани во џунгла.

Дарко Јелиќ – татко на момчињата цело лето го чува стадото и го води на поење на околу 10 километри одалеченост каде е првата вода. Немаат ниту вода за пиење во куќата – неможеле ни да најдат за бунар да ископаат. Некогаш доаѓа камион цистерна и им носи вода.

Минатата зима биле завеани 45 дена и никој неможел да се пробие до нив.

Не се жалиме – знам дека децата ми растат здраво и во природа, но солзи ми идат на очи кога ќе се сетам дека ги осудувам утре и тие да живеат овде, вака.

Најстариот е одличен на училиште но и самиот е збунет кога чита за работи кои во животот не ги видел и не знае за нив. Се плашам дека ќе ги осудам децата утре да неможат да се вклопат во светот, а тоа не го сакам, вели таткото Дарко.

Овие дечиња не бараат ипод, комјутер, патики од 100 евра, играчки – сакаат само да им раскажуваш. Кога им раскажуваат што е тоа цртан филм, или како изгледа телевизор со ококорени очиња и жар во нив го впиваат секој збор.

Ова гордо семејство не бара помош и милостиња. Бараат само помош да им се пробие пат за што е потребна тешка механизација, питка вода, струја.

И велат за другото самите се снаоѓаат и колку можат ќе им пружат на дечињата.

Мајката секоја ноќ им раскажува приказни – приказни за животот во градот, приказни незамисливи за децата кои живеат со полн живот технологија, автомобили, згради, бучава…. овие деца незнаат што е сето ова, но знаат нешто што незнаат градските деца – знаат што е крава, како мириса сено, чист воздух, румени образи, трева, дрва, природа. Знаат да слушаат и уживаат во прикаските на мама, тато и дедо.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Чичко а што е тоа цртан филм? – 3 дечиња никогаш не гледале телевизија живеат без струја”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.