Д-р Ентони Фаучи јавно ја прими вакцината против коронавирус на „Модерна“


Водечкиот американски експерт за инфективни заболувања, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против Ковид-19.Фаучи ја прими вакцината заедно со други здравствени власти, кои го надгледуваа нејзиниот развој.

Фаучи беше вакциниран во Националниот институт за здравство (НИХ), каде што работи како директор за алергии и заразни болести, во предградието на Вашингтон. Тој ја прими вакцината, која заеднички ја развија НИХ и американската фармацевтска компанија Модерна, која беше одобрена за употреба во итни случаи минатата недела.Тогаш им изјави на новинарите дека е исклучително важно што вакцината се прима за помалку од една година откако беше откриен вирусот.

„Она што го гледаме сега е кулминација на долгогодишното истражување коешто доведе до феномен што е навистина невиден“, рече Фаучи.

Вакцинацијата е дел од поширокиот напор на владата за зајакнување на довербата на јавноста во безбедноста на две вакцини за ковид, кои неодамна ги одобри Администрацијата за храна и лекови за итна употреба.

Со вакцината на компанијата „Модерна“ и слични вакцини развиени од „Фајзер“ и „Бионтек“, САД се обидуваат да ја забрзаат најголемата кампања за вакцинација во својата историја, со цел да се надмине пандемијата на коронавирусот, во која најмалку 320 000 луѓе починаа само во Америка.

Двете вакцини обезбедуваат силна заштита и се развиени помалку од една година откако се појави вирусот, и се сметаат за победа на науката, која е изградена врз основа на долгогодишно истражување финансирано од Националниот институт за здравство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1