Денеска е Крстовден: Каков ќе биде овој ден, таква ќе биде зимата – верувања и обичаи


На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје.

Денеска православната црква и верниците го прославуваат Крстовден, кој според учењето на црквата означува налагање на крст на кој е распнат Исус Христос.

Крстот, според преданието, во 326 година го пронашла царица Елена, мајка на цар Константин, кога отишла во Палестина да посети свети места.

За време на војните крстот се загубил. а подоцна, кога повторно бил пронајден, негови делови земале верници со надеж дека имаат голема моќ, бидејќи тие биле направени од свето дрво.

На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје.

Додека за многу други празници кои се одбележани со црвени букви важи дека не треба да го чистат домот и да работат други сличми работи, на Крстовден тоа е обратно.

На денешен ден е добро да ја средите куќата, буквално кажано, да ја подготвите за зимата која следува. Значи, една работа која на овој ден никако не смеете да ја направите е следнава – да не работите!

Во спротивно, доколку не работите, се верува дека цела година „се ќе ви тргне обратно од планираното“.

Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

  • Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.
  • Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.
  • Тивкиот дожд на Крстовденпредвидува блага зима.
  • Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.
  • Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1