Денеска почнува историското судење за отповикувањето на Трамп


Американскиот Сенат денеска ќе почне со распитот на претседателот Доналд Трамп, поради неговото барање до властите во Украина да интервенираат во претседателската трка во САД во 2020 година. За осуда и отстранување на Трамп од функцијата е потребно двотретинско мнозинство. Ако се земе предвид фактот дека републиканците имаат 53 сенатори во сточлениот Сенат, се очекува Трамп да биде ослободен од обвинението.

Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп денеска неведе дека тој не сторил „апсолутно ништо погрешно“, повикувајќи го Сенатот да ја отфлри постапката за отповикување што ја нарекоа „лажна“ и „опасно извртување на Уставот“.
„Тоа е карикирање на Уставот“, напишаа адвокатите во објавениот дел од одбраната на американскиот претседател пред Сенатот, а која ја подготвуваат како одговор на обвинувањата на демократите.

Адвокатскиот тим, меѓутоа, наведува дека Трамп дури и да ги злоупотребил своите овластувања, тоа не е повод за отповикување, бидејќи не е прекршен кривичниот закон. Тие наведуваат и дека обвинението „ има структурни маани“, бидејќи го обвинуваат Трамп за повеќе дела, создавајќи „опции за избор“, како можни основи за осуда.
Како дел од одбраната тие подготвиле и широка одбрана на претседателовата моќ, тврдејќи дека и претходните две судења за отповикување на претседателот на САД биле слично неисправни.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1