Девојче притиснато од врата на автобус


Девојче е повредено откако било притиснато од вратата на автобус кој стоел на постојка во Скопје, соопшти полицијата.

Случајот во полиција вчера го пријавила С.А.(42) мајка на малолетното девојче. При излегување од автобус на ЈСП, кој се движел од Бит-пазар кон Чаир, додека автобусот стоел, при симнување, девојчето било притиснато од вратата, а потоа и паднало.
Ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Се работи на расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1